SportM
Фудбал

Гвардиола за Азар: Еден од најкласа фудбалерите што некогаш сум ги видел

Д М12 јун 2019
Гвардиола за Азар: Еден од најкласа фудбалерите што некогаш сум ги видел

Тренерот нашампионот на Премиер лигата, Пеп Гвардиола, смета дека Реал Мадрид направил удар со привлекувањето на Еден Азар.

Играчот го напушти Челзи за 100 милиони евра и речиси 50 милиони потенцијални за клаузули.

– Добар договор за Реал. Ова е многу, многу, многу добар играч. Исклучително пополнување. Азар е еден од најкласа фудбалерите што некогаш сум ги видел. Во Ла Лига ќе уживаат да го гледаат, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Денес, Пеп учествуваше на егзибициски меч на легенди во Коста Брава во Каталонија.

Азар ќе биде официјално претставен на „Сантијаго Бернабеу“ во четвртокот во 20 часот. Претходно денес, клубот го претстави Лука Јовиќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.