Халанд и друштвото го понижија Волфсбург, Фрајбург поблиску до Лигата на шампионите

Од 15:30 часот се одиграа четири натпревари од 30. коло на германската Бундес лига, а убедливо најмногу голови забележани се во Дортмунд на натпреварот помеѓу Борусија и Волфсбург – дури седум.
Борусија водеше со 5-0 на полувремето, но ја намали брзината во вториот дел, па гостинот сепак преживеа голема катастрофа, иако 6-1 се уште е премногу.
Роте, Витсел, Аканџи, Кан и двапати Халанд погодија за „Милионерите“, додека Баку во 82. минута постигна утешен гол за „волците“.
Борусија по 30 кола го зазема второто место со 63 бодови, а има шест бода помалку од лидерот Баерн, но и натпревар повеќе. Волфсбург има ужасна сезона и 13-ти на табелата со 34 бодови.
Фрајбург победи со 3-0 против Бохум. Кублер и двапати Салаи беа стрелци за домашната екипа.
Фрајбург е петти со 51 бод и сега сериозно се вклучи во борбата за Лигата на шампионите.
Херта конечно победи на тешкото гостување кај Аугсбург со 1:0, додека на дуелот Мајнц и Штутгарт остана 0:0.
Резултати од 30. коло:
Аугсбург – Херта 0:1
Борусија Дортмунд – Волфсбург 6:1
Фрајбург – Бохум 3:0
Мајнц – Штутгарт 0:0



