Халанд купи подароци за сите во Борусија, вложените пари ги заработи за два часа

Ерлинг Халанд се врати во градот каде што стана напаѓач од светска класа. Со Манчестер Сити гостуваше во Борусија Дортмунд. Тој на теренот го мина само првото полувреме, додека мечот заврши без голови.
Халанд нема постигнато гол веќе 92 минути, податок што изгледа сосема нормално за секој напаѓач, но не и за Халанд, кој сезонава е немилосрден во сите натпреварувања.
Пеп Гвардиола реши да го замени веќе на полувремето бидејќи имаше блага температура и не беше целосно подготвен да го игра натпреварот.
“Ерлинг имаше блага температура пред натпреварот. Видов дека е уморен. Тоа е причината поради која го сменив. Многу се мачевме”, изјави по натпреварот менаџерот на Манчестер Сити и продолжи:
„Првата причина за промената е заморот, втората е температурата, а третата е што доби удар во стапалото. Затоа не беше во можност да игра во вториот дел.
Иако натпреварот не беше успешен за Халанд, неговото враќање во Дортмунд беше посебно бидејќи тој веќе со малку носталгично гледаше на трибините на Сигнал Идуна Парк кога го напушти тунелот.
Кога заврши натпреварот, тој го обиколи теренот и се збогуваше со навивачите, кои не така одамна беа негови најголеми поддржувачи и каде се чувствуваше како дома.
Халанд сакал да го израдува своето поранешно семејство со подароци. Може да се каже дека не „потроши“ премногу, откако одвои околу 5.000 евра.
Имено, Норвежанецот купил неколку десетици негови дресови кои чинат околу 100 евра и им ги подарил на поранешните соиграчи од Борусија и на вработените на стадионот.
Вложените пари Халанд ги заработил за два часа. Неделната плата во Манчестер Сити е околу 430.000 евра, што значи дека секој час заработува околу 2.500 евра.



