SportM
Фудбал

Халанд разочаран: Не сакам да пцујам, но …

Д М9 окт 2020
Халанд разочаран: Не сакам да пцујам, но …

По продолженијата, Србија синоќа ја совлада Норвешка и избори пласман во плејофот за место во ЕУРО.

Беше многу интересен и отворен натпревар, а на крајот гостите имаа причина да слават (1:2).

Двоен стрелец за Србија беше Сергеј Милинковиќ Савиќ, а најдобриот домашен фудбалер Ерлинг Халанд не беше на нивото. Имаше само една вистинска шанса.

Тој беше разочаран по натпреварот.

„Не сакам да пцујам, но ова е многу незгодно. Имавме фантастична шанса да се пласираме на ЕУРО, но едноставно не бевме доволно добри. Се надевам дека во иднина ќе можеме да одиме на некое големо натпреварување “, рече Халанд.

Единствениот стрелец за Норвешка беше Норман.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.