Халанд целосно потфрли, а сепак погоди, Челзи безбеден, пропаст на Лестер

Денеска се одиграа натпреварите од 9. коло во англиската Премиер лига, а победи забележаа Манчестер Сити и Челзи како фаворити.
Манчестер Сити го победи Саутемптон на „Етихад“ и тоа со 4:0, со што барем привремено го превзема врвот на табелата од Арсенал.
„Граѓаните“ без проблем стигнаа до нова победа, а иако имаше лош ден и серија промашувања, Ерлинг Халанд успеа да го постигне својот 15. гол во Премиер лигата. Други голови ги постигнаа Кансело, Фоден и Махрез.
Челзи не е најдобро во последно време, но полека се враќа на врвот. Сините денеска го совладаа Вулверхемптон со 3:0 и се на четвртото место со 16 бодови. Каи Хаверц им донесе водство на крајот на судиското надополнување во првото полувреме, а во 54. минута Кристијан Пулишиќ постигна убав гол за 2:0. Борха во 90. минута постигна гол за конечни 3:0.
Сигурен на домашен терен беше и Њукасл кој го совлада Брентфорд со 5:1. Гимараеш постигна два гола, Марфи и Алмирон по еден, а единствениот гол за гостите го постигна Тони од пенал. Пинок си постигна автогол.
Њукасл се искачи на петтото место со 14 бодови, додека Брентфорд е 11-ти со 10 бодови.
Одличен ден за домаќините и 4/4 во временскиот период од 16:00 часот кога Борнмаут по пресвртот го победи Лестер со 2:1. Билинг и Кристи го „свртеа“ резултатот во вториот дел, а Лестер претходно поведе со голот на Дака во 10. минута.
Лестер е на дното на табелата со четири бода, дели со Нотингем Форест и поранешниот шампион во Премиер лигата сега е во тешка ситуација, иако некои предвидуваа борба за самиот врв и европските места. Но, нешто очигледно не е во ред во Кинг Пауер и ако работите не се подобрат наскоро, играњето во Чемпионшип им се смешка.
Во моментов играа Брајтон и Тотенхем, а гостите имаат водство од 0:1, додека останатите натпревари од ова коло ќе се играат утре и во понеделник.
Од 15:00 часот играат Палас и Лидс и Вест Хем и Фулам, а од 17:30 часот дербито помеѓу Арсенал и Ливерпул, додека од 20 часот силите ќе ги одмерат Евертон и Манчестер Јунајтед.
Последниот натпревар од оваа рунда ќе го одиграат Нотингем Форест и Астон Вила во понеделник со почеток од 21 часот.



