Connect with us

Фудбал

Хамес Родригез најде нов клуб

Колумбискиот фудбалер Хамес Родригез најде нов клуб.

30-годишниот напаѓач денеска потпиша тригодишен договор со катарски Ал Рајан и ќе биде големо засилување за клубот.

Катарскиот тим го потврди доаѓањето на Хамес и му посака добредојде во клубот.

 

Хамес претходната сезона ја мина во Евертон, но по заминувањето на Карло Анчелоти во Реал Мадрид стана јасно дека тој нема да остане во Гудисон.

Тој нема одиграно минута оваа сезона. Тој одлучи да замине и Катар може да биде последната фаза во неговата кариера.

Искусниот Колумбиец во својата кариера играше за вистински гиганти, а на листата на клубови чиј дрес го носеше покрај Евертон се Баерн, Реал Мадрид, Монако, Порто, Банфилд и Енвигадо.

Хамес е и најголемата sвезда на колумбиската репрезентација, за која одигра 80 натпревари и постигна 23 гола.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама