SportM
Фудбал

Хаос на Хаити: Бунтовниците сакаа да ги киднапираат репрезентативците на Белиз (ВИДЕО)

Д М23 мар 2021
Хаос на Хаити: Бунтовниците сакаа да ги киднапираат репрезентативците на Белиз (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Белиз доживеа голема драма вчера на Хаити.

Имено, Хаити и Белиз во четврток играат квалификациски натпревар за Светско првенство, а гостинскиот тим вчера пристигна на Хаити каде доживеа драма.

Локалните медиуми објавија дека нивниот автобус бил запрен вчера од вооружена банда на мотори, што предизвикало големо незадоволство кај водачите на ФС Белиз.

Иако имале полициска придружба, група бунтовници успеале да го запрат автобусот со пушки и се воделе преговори со нив и за среќа тие решиле да ги ослободат.

Играчите на Белиз беа во шок по се што се случи, а на социјалните мрежи се појави видео од оваа ситуација. Наводно, бунтовниците сакале да ги киднапираат играчите на Белиз и да бараат отштета, но за среќа се откажале од своите планови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.