SportM
Фудбал

Хаос во Бразил, ѕвездата на Тотенхем спасуваше жива: „Испакани најмалку 20 куршуми“

Д М3 јун 2022
Хаос во Бразил, ѕвездата на Тотенхем спасуваше жива: „Испакани најмалку 20 куршуми“

Во раните утрински часови во петокот, левиот бек на Тотенхем, Емерсон Ројал, доживеа обид за грабеж со размена на оган во градот Американа во Сао Паоло.

Играчот е на одмор во Бразил по завршувањето на сезоната во англискиот клуб. Тој сега доживеа трауматична ноќ, а неговиот агент Емерсон Зула соопшти детали за целосната ситуација.

„Откако го напуштил објектот во кој бил задржан, полицаец во цивилна облека кој го препознал побарал да се фотографира со него и му понудил да го однесе до автомобилот. Тогаш Ројал бил нападнат, под закана со пиштол, каде крадецот барал часовник и други лични предмети“, рече Зула, додавајќи:

“Кога крадецот забележа полицаец во цивил, почна голема пукање, почнавме да бегаме, а изгледа дека Ројал ме повлече да ми помогне. Не се сеќавам добро, се се случи многу брзо, а адреналинот беше многу висок”.

За среќа, Емерсон не е повреден, а криминалецот бил застрелан во грбот во престрелка и завршил во болница и сега ќе се соочи со законот. Според очевидци, испукани се најмалку 20 куршуми.

Емерсон има настапувано за Понте Прета и Атлетико МГ во Бразил, а во Европа за Бетис, Барселона и моментално настапува за Тотенхем. Тој го имаше своето деби за Бразил во 2019 година и одигра шест натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.