Хаос во Ница: Фановите фрлаа шишиња кон Паје, а тој возврати на ист начин

Мечот меѓу Ница и Марсеј беше прекинат во 75. минута од натпреварот откако домашните навивачи истрчаа на теренот.
Ница поведе на овој меч во 49. минута од натпреварот кога Долберг ја погоди мрежата на Марсеј, а потоа во финишот од натпреварот настана тотален хаос на теренот.
Се започна кога Марсеј освои корнер, а Димитри Паје се упати кон корнер знаменцето за да го извади.
Меѓутоа, тогаш навивачите на Ница почнаа да фрлаат со шишиња кон играчот на Марсеј, поради што тој целосно го загуби нервот и одлучи да возврати.
Паје почна да пука кон навивачите на домашниот тим со истите шишиња, што ескалираше се.
Навивачите на Ница потоа истрчаа на теренот за да ги расчистат сметките со Паје, но за среќа обезбедувањето успеа да ги спречи. После тоа, судијата веднаш го прекина натпреварот и ги испрати играчите во соблекувалните.
Се уште не е познато дали овој натпревар ќе продолжи.
https://streamable.com/widurw



