Connect with us

Фудбал

Хаосот во Барселона продолжува: Кој ќе игра против Мајорка в недела?

По кратката зимска пауза во недела, Барселона гостува кај Мајорка.

Каталонскиот клуб е фаворит против Мајорка на хартија, но сега прашање е на кого ќе може да смета Чави на овој меч.

Имено, неколку дена пред натпреварот во Палма де Мајорка, коронавирусот создаде тотален хаос во соблекувалната на Барселона, а секој ден се повеќе заразуваа играчи на каталонскиот клуб.

Вчера Барселона потврди дека се заразени Осман Дембеле, Гави, Самуел Умтити, Дани Алвеш, Алехандро Балде, Жорди Алба и Клемент Ленглет.

Сепак, проблемите немаат крај во Барселона бидејќи клубот потврди дека утрово пристигнале неколку позитивни резултати за коронавирусот.

Барселона потврди дека Сергино Дест, Филипе Кутињо и Ез Абде биле позитивни на новиот тест. Ова е вистинска главоболка за Чави бидејќи сега не е јасно на кого ќе може да смета на мечот против Мајорка.

Поради повреди се уште надвор од терените Педри, Мемфис Депај, Серхи Роберто и Ансу Фати, додека Серхио Бускетс не може да игра поради жолти картони.

Правилата на Ла Лига предвидуваат дека натпреварите може да се играат се додека во двата тима има 5 здрави првотимци.

Реклама

Facebook

Реклама