Connect with us

Фудбал

Хасан Салихамиџиќ ја губи поддршката во клубот, никогаш не бил поблиску до отказ?

Утринава германските медиуми пишуваат дека ситуацијата во Баерн не е баш најдобра, а Хасан Салихамиџиќ е под големи критики.

Очекувано, Баварците сезонава успеаја да ја освојат титулата во Германија, но резултатот во Европа изостана бидејќи германскиот клуб неочекувано испадна во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Виљареал.

Веќе е јасно дека Баерн на лето ќе направи некои промени во однос на играчкиот кадар, а како што стојат работите би можеле да останат без својот најдобар играч Роберт Левандовски кој покажа желба да го напушти клубот.

Медиумите во Германија утринава пишуваат дека атмосферата во клубот не е баш најдобра, а спортскиот директор Салихамиџиќ повторно е во центарот на вниманието на критичарите.

Како што објави германски Билд, тој е пред отказ бидејќи има се помала поддршка во клубот. Минатата година се шпекулираше дека може да си замине поради конфликт со тренерот Ханси Флик, но на крајот тој остана.

Флик го напушти клубот и ја презеде германската репрезентација, а наместо него за нов тренер беше избран Јулијан Нагелсман, а токму Салихамиџиќ сакаше да го доведе овој млад стручњак.

Сепак, како што пишува Билд, во Баерн владее голема криза и наводно Салихамиџиќ нема добри односи ниту со Нагелсман. Наводно, Салихамиџиќ неколку пати се судрил со тренерот на Баерн, што го направи со Флик минатата сезона.

Главен проблем се засилувањата, каде нормално главниот збор го има Салихамиџиќ, но овојпат Нагелсман сака да се праша нешто за играчите кои доаѓаат и си одат. Билд објави дека Хасан ја губи поддршката во клубот и дека никогаш не била помала.

Тој има договор со Баерн до летото 2023 година и се шпекулираше дека ќе ја продолжи соработката, но се чини дека може да дојде до неочекуван пресврт и заминување од клубот.

Како што веќе споменавме, германските медиуми пишуваа за тоа минатата година, но Салихамиџиќ на крајот остана на својата позиција. Наводно, доколку има потреба од голема одлука за неговата иднина, таа ќе биде донесена дури по летниот преоден рок.

Реклама

Facebook