SportM
Фудбал

Хасан Салихамиџиќ објасни што фудбалерите мора да имаат за да потпишат за Баерн

Д М30 сеп 2020
Хасан Салихамиџиќ објасни што фудбалерите мора да имаат за да потпишат за Баерн

Носењето дрес на Баерн без сомнение е право на привилегија.

Германскиот великан важи за еден од најголемите тимови во светот, а за да го носите дресот на ваква екипа мора да исполните одредени услови.

Хасан Салихамиџиќ избира играчи според јасни правила до кои строго се придржува, а тоа засега му носи резултати.

“За Баерн има три јасни фактори кога избираме фудбалери. Првиот е секако квалитетот, потоа менталитетот и гладот ​​за освојување титули”, изјави Салихамиџиќ за Билд.

Тој исто така коментираше дека младите sвезди на Борусија, Џејдон Санчо и Џуд Белингем ги отфрлија Баварците и се приклучија во редовите на голем ривал.

„Ставот дека младите играчи нема да имаат шанса во првиот тим на Баерн е хипотетички. Коман, Кимих и Дејвис станаа стартери за кратко време и убеден сум дека Тангуј Куаси, кој штотуку наполни 18 години, наскоро ќе има важна улога во нашиот тим“, рече Салихамиџиќ.

Хасан состави навистина фантастичен Баерн кој минатата година прошета до сите можни трофеи во Германија и Европа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.