SportM
Фудбал

Хаверц: Искрено, ми се е*е, ја освоивме Лигатата на шампионите!

Д М29 мај 2021
Хаверц: Искрено, ми се е*е, ја освоивме Лигатата на шампионите!

По втор пат во својата историја, Челзи ја освои европската титула.

Лондонскиот тим славеше вечерва во Порто пред околу 15.000 гледачи против Манчестер Сити со 1:0. За Сините, тоа е, втор трофеј во Лигата на шампионите, Сити никогаш порано не го освоил.

Тага на лицата на Пеп Гвардиола и неговите играчи, а од друга страна сините слават. Најзаслужен за ова е Каи Хаверц, единствениот стрелец на голот.

После натпреварот, новинарот го праша Хаверц дали знае дека во моментов е најскапиот играч на Челзи, а тој одговори:

 “Ми се е*е. Само што ја освоивме Лигата на шампионите!”

Тогаш германскиот репрезентативец продолжи: “Не знам што да кажам. Долго го чекав ова. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, мојата девојка, брат, сестра, баба ми, моите родители… Овој момент го чекав 15 години “, заклучи Хаверц.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.