Хоенес: Бундеслигата здодевна? Не е Баен виновен…

30-ти пат во историјата на клубот, екипата на Баерн ја освои германската титула.
Баварците оваа сезона докажаа дека се целосни владетели на фудбалот во Германија, а последен пат кога не беа шампиони беше во 2012 година, кога Борусија ја освои Бундеслигата две години по ред.
Поради бруталната доминација на Баерн, многумина го сметаат првенството во Германија како монотоно затоа што ретко кој може да одговара на нив, а поранешниот претседател на клубот, Ули Хоенес, сега го коментираше тоа, испраќајќи порака до ривалите.
„Другите клубови треба да работат понапорно. Не можете да очекувате Баерн да работи со половина сила само за да ја направи Бундеслигата интересна“, рече Хоенас, според локалните медиуми.
Сезоната за Баерн не започна добро, па токму затоа беше отпуштен Нико Ковач, но доаѓањето на Ханси Флик комплетно го врати овој клуб повторно на вистинскиот пат.



