SportM
Фудбал

Хокин Кореа нов играч на Интер!

Д М26 авг 2021
Хокин Кореа нов играч на Интер!

Аргентинецот Хоакин Кореа (27) е нов играч на Интер.

27-годишниот напаѓач потпиша договор за соработка со „нероаѕурите“ до 2025 година, во чии редови доаѓа од Лацио.

Кореа пристигна во редовите на италијанскиот шампион на позајмица со задолжително купување на договор за 30 милиони евра.

Хоакин Кореа го носеше дресот на Лацио во последните три години. За небесно сините од Рим одигра 117 натпревари и постигна 30 голови.

Пред Лацио, 27-годишниот напаѓач играше за Севиља, Сампдорија и аргентинскиот Естудијантес.

Заедно со Един Џеко и Лаутар Мартинез, Хоакин треба да биде главната напаѓачка надеж на Интер оваа сезона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.