SportM
Фудбал

Хрватите го чинеа работа: Бразил остана без селектор

Д М9 дек 2022
Хрватите го чинеа работа: Бразил остана без селектор

Поразот на Бразил од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар беше и последен меч за Тите на клупата на јужноамериканската селекција.

Избраниците на Златко Далиќ го елиминираа првиот фаворит на Мундијалот по подоброто изведување пенали, а набрзо се дозна дека Бразил остана без селектор кој седеше на клупата на репрезентацијата во изминатите шест години.

Шеесет и едногодишниот Тите реши да се повлече од репрезентацијата откако заврши во четвртфиналето на две последователни светски првенства.

Бразил беше елиминиран од Белгија во Русија 2018 година.

Интересно е што Бразилците ги загубија последните шест натпревари во плејофот на СП против европски селекции откако ја совладаа Германија во финалето во 2002 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.