Хрватска против Белгија освои бод вреден пласман во осминафиналето

Резолуција добивме и во групата Ф, каде во осминафиналето ќе одат Мароко и Хрватска, а дома ќе се вратат Белгија и Канада.
Централен настан беше дуелот меѓу Хрватска и Белгија, кој заврши без голови, 0:0, што беше доволно за Хрватите да го заземат второто место во оваа група, зад Мароко, кој во исто време ја совлада Канада со 2:1.
Хрватите уште од првиот момент вршеа притисок на противничката половина, Белгијците во првите неколку минути беа притиснати во својот шеснаесетник, но избраниците на Далиќ го промашија последниот удар.
Белгија потоа се обиде да контра од полуконтра, но повторно без вистинска шанса за гол.
А потоа, 15. минута од натпреварот и пенал за Хрватска! Караско тргна невнимателно кај Крамариќ во шеснаесетникот по центаршутот на Модриќ од слободен удар и за судијата најпрво немаше дилема – покажа на белата точка. Сепак, имаше реакција од ВАР собата, судијата Тејлор беше повикан да ја погледне снимката, по што одлуката беше сменета поради милиметарскиот офсајд што му претходеше на фаулот .
Потоа следеше потивок период на игра до крајот на првото полувреме.
Овој резултат најмногу и одговараше на Хрватска, иако ќе паднеше на второто место, со оглед на водството на Мароко од самиот почеток на мечот со Канада.
На белгијците им требаше победа за пласман во осминафиналето, па тренерот Мартинез од почетокот на вториот дел на теренот ги испрати Лукаку и Торган Азар наместо Мертенс и Тросард.
Но, првата шанса Хрватска ја имаше во вториот дел преку Ковачиќ, чиј удар под гредата Курто успеа да го запре.
После тоа, Белгијците конечно станаа малку поконкретни, па во можности се најдоа најпрвин Караско во 61. минута, потоа Лукаку на кого топката се одби, но ударот на белгискиот напаѓач беше сопрен покрај стативата.
Една минута подоцна, Лукаку промаши празен гол со глава во нова прилика, но видеото што следуваше покажа дека топката претходно излегла надвор од теренот.
Хрватска се закани во 68. минута кога Петковиќ од левата страна го пронајде Модриќ, но најдобриот хрватски фудбалер слабо шутира и Куртоа без поголеми проблеми го прекинува обидот.
Потоа, мирен период на игра до 87. минута, кога Мениј од десната страна упати „остра“ топка до работ на шеснаесетникот, каде што таа се одврати од Лукаку и отиде покрај голот.
Уште подобра прилика пропушти Лукаку во 90. минута по одличното нафрлање од десната страна на Торган Азар, Лукаку ја прими топката на гради во шеснаесетникот, но не можеше да ја внесе во мрежата!



