И Фирмино го напушта Ливерпул: Доби понуда која без размислување ја прифати

Англиските медиуми пишуваат дека Садио Мане нема да биде единствениот напаѓач кој летово ќе го напушти Ливерпул.
Мане ги изненади сите со тоа што реши да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната и кариерата ја продолжи во дресот на Баерн, а Ливерпул од продажбата на Сенегалецот успеа да заработи околу 35 милиони евра.
Сепак, според медиумите во Англија, се чини дека Мане нема да биде единствениот напаѓач кој летово ќе го напушти „Енфилд“.
Наводно на излезната врата на Ливерпул е и Роберто Фирмино кој не сака да биде резерва во следната сезона. Фирмино го загуби местото во стартниот тим на „црвените“ и е решен да се обиде во друг клуб.
Фирмино прво беше поврзуван со трансфер во Фенербахче, но тој го одби. Сепак, се чини дека конечно пристигна понуда која навистина го заинтересира Бразилецот и тој сериозно размислува за заминување.
Мирор објави дека Фирмина сака да го доведе Јувентус кој е во потрага по напаѓач кој ќе биде тандем со Душан Влаховиќ. Тие веруваат дека Фирмино одлично би се вклопил во таква улога и клубовите мора да се договорат за трансферот.
Јувентус е подготвен да плати околу 23 милиони евра за Бразилецот, што е цифра прифатлива за Ливерпул. Фирмино наводно ги договорил сите услови од договорот со Стара Дама и трансферот е многу блиску до реализација.
За Јирген Клоп заминувањето на Фирмино нема да биде голем удар бидејќи на располагање се уште се Салах, Луис Дијаз, Дарвин Нуњез и Диого Јота.



