Connect with us

Фудбал

И газдата на Челзи купува тим во француската Лига 1!

Сопственикот на Челзи, американскиот бизнисмен Тод Боли, планира да го купи францускиот прволигаш Стразбур, пишува „Гардијан“.

Тој не жали за парите на Тод Боли од моментот кога влезе во портите на Стемфорд Бриџ. Во два трансфер периоди, Челзи потроши над половина милијарда евра на трансфери и она што го очекува во блиска иднина се успеси. Засега нема индикации дека ќе се случат со оглед на резултатите, но потребно е време сите коцки да си дојдат на своето место.

Дотогаш, Боли гледа на други деловни потфати. Имено, со оглед на тоа што УЕФА планира да ги намали ограничувањата кога станува збор за сопственоста на неколку клубови од една иста личност, Боли реши да тргне во потера по друг европски тим.

Се обиде да го купи Лион – одби францускиот гигант. Истото го проба и со Бордо и Сошо, кои исто така дадоа идентичен одговор. Но, тој затропа на вратата на Стразбур и таа се отвори.

Идејата е Стразбур да биде отскочна даска за талентите на Челзи кои би имале минутажа во сениорскиот фудбал и во една од најдобрите пет лиги. Многу други клубови функционираат слично. Ред Бул тоа го прави со Лајпциг, Салцбург, Њујорк… Сити групацијата која е сопственик на Манчестер Сити поседува и мрежа на клубови… Њукасл планира да го стори истото.

Facebook