Connect with us

Фудбал

И има само 23 години: Килијан Мбапе синоќа стигна до својот голем јубилеј

ПСЖ синоќа се пласираше во осминафиналето од Купот на Франција.

Парижаните беа убедливи со 0:4 против нисколигашот Ванеса и така напредуваа понатаму.

Кимпембе го отвори резултатот во првото полувреме, а во вториот дел работите ги реши со трите гола Килијан Мбапе, кој погоди во 59., 71. и 76. минута од натпреварот.

Со овој хет-трик Мбапе стигна до голем јубилеј – 200 гола во кариерата.

Убедливо најмногу, дури 149, постигна играјќи за ПСЖ, постигна 27 гола за својот поранешен клуб Монако, додека 24 постигна во дресот на француската репрезентација со која го освои Светското првенство во Русија и последното издание на Лигата на нации.

Фудбалерот на ПСЖ пред само две недели наполни 23 години и ова дефинитивно е големо достигнување за него и ветува голема кариера.

Да потсетиме, на крајот од сезоната му истекува договорот со ПСЖ и тој најверојатно ќе го напушти клубот и ќе го засили Реал Мадрид, а од 1 јануари 2022 година и официјално има право да преговара со други клубови.

Тој пристигна во ПСЖ од Монако во летото 2017 година и беше четирикратен шампион на Франција со парижаните, но следен предизвик е Лигата на шампионите, каде стигна до финалето, но беше поразен од Баерн Минхен во 2020 година.

Реклама

Facebook

Реклама