SportM
Фудбал

И Марсело и Олимпијакос долго ја чекаа оваа ноќ, но дебито на Бразилецот беше како лош сон

Д М7 окт 2022
И Марсело и Олимпијакос долго ја чекаа оваа ноќ, но дебито на Бразилецот беше како лош сон

Искусниот бразилски дефанзивец Марсело синоќа го имаше официјалното деби за грчки Олимпијакос.

Олимпијакос му гостуваше на Карабаг во Пиреја во мечот од 3. коло на Европската лига, а шанса во продолжението од мечот доби Марсело, но сето тоа заврши како ноќна мора.

Иако сите на стадионот „полудеа“ кога Марсело истрча на теренот, Бразилецот ќе сака што побрзо да го заборави првото појавување во дресот на гигантите од Пиреја.

 

На половина час пред крајот тој влезе во игра, при резултат 0:0, додека домашните се уште го напаѓаа голот на гостите со надеж за победа, а само осум минути подоцна Карабаг поведе со 1:0. гол на Ганко Онусу.

https://twitter.com/ParisAlexN/status/1578118698140925953

Набрзо Марко Вешовиќ зголеми на 2:0, а во самата завршница Рамил Шејдаев со трет гол ги победи Грците и ги постави конечните 3:0.

 

Така, Олимпијакос забележа срамен пораз пред својата публика, а Марсело имаше катастрофално деби. Ситуацијата е уште полоша бидејќи тоа беше трет пораз за грчкиот шампион во ова натпреварување.

Олимпијакос ја затвора табелата во групата Г без ниту еден бод, откако постигна само еден и прими осум гола. Лидер со максимални бодови е Фрајбург, кој во четвртокот го победи ФК Нант со 2:0.

Дебито на Марсело во новиот клуб не го одбегна вниманието на мадридските медиуми кои со години ги следат неговите настапи и успеси со Реал Мадрид. АС накратко го сумираше: „Фатално деби“.

Марсело летово ја заврши петнаесетгодишната авантура со Реал Мадрид. Бразилецот кој со шпанскиот гигант освои буквално се, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите пет пати, не беше долго невработен.

На 2 септември тој потпиша за грчкиот гигант. По неколку недели чекање, фановите го видоа својот прв настап во четвртокот, но тоа всушност не беше онака како што тој самиот посакуваше.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.