SportM
Фудбал

И одличниот голман на Атлетико Мадрид се прости од Меси

Д М11 авг 2021
И одличниот голман на Атлетико Мадрид се прости од Меси

Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Лионел Меси, е ново засилување за ПСЖ.

Неговото заминување, освен Барселона, ја погоди цела Ла Лига, а многу играчи на шпанските клубови се простуваат од големиот Аргентинец на социјалните мрежи.

Еден од оние што ја испратија пораката во моментов е еден од најдобрите голмани во светот, Јан Облак.

Голманот на актуелниот шпански шампион Атлетико Мадрид смета дека Меси го променил начинот на кој размислува за фудбалот.

„Цело време, Меси го смени начинот на кој размислуваме за фудбалот. Да не беше тој, Ла Лига ќе беше сосема поинаква. Во најмала рака, би имал малку повеќе игри без примен гол“, истакна Облак, а потоа додаде:.

“Тој ги инспирира сите да ја подобрат својата игра. И сега тој оди по нов сон”.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.