И последниот фудбалски волшебник позитивен на коронавирус
Д М25 окт 2020

Легендарниот фудбалер Роналдињо неодамна конечно излезе од затворот во Парагвај.
Роналдињо беше уапсен во Парагвај за фалсификување документи и помина скоро половина година во затвор.
Сепак, беше одлучено тој да биде ослободен и да се брани од слобода. Роналдињо се врати во Бразил каде што е моментално и вечерва повторно објави лоши вести.
Имено, некогаш најдобриот играч на светот, објави на социјалните мрежи и потврди дека е позитивен на коронавирус.
Роналдињо нема симптоми и се чувствува добро, а веќе неколку дена е во самоизолација.
https://twitter.com/BrasilEdition/status/1320428954013106178
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



