И ти ли? Готово е, Пауло Дибала оди по милионите во Саудиска Арабија!
Редакција14 авг 2024

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Ал Кадисија. По две години во Рим, дојде време да се збогува. Пауло Дибала како некој чии можности ги надминаа постигнатите досега на индивидуален план, се сели во Саудиска Арабија и следните три сезони ќе игра фудбал без преголем интензитет. Така барем во моментов пишува во договорот кој ќе му донесе астрономски 15.000.000 евра по сезона. Тоа никој не можеше да му го понуди во неговата 30-та година од животот во Европа. Во новиот клуб ќе го чекаат Начо и Пјер-Емерик Обамејанг.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



