SportM
Фудбал

И тоа е можно: Ја промени годината на основање и стана најстариот клуб во светот

Д М19 јун 2022
И тоа е можно: Ја промени годината на основање и стана најстариот клуб во светот

Се чини дека имаме нов најстар клуб во светот.

Имено, англискиот Кристал Палас ја промени годината кога е основан клубот и со тоа стана најстариот клуб во историјата на фудбалот.

Нивниот тим за односи со јавноста објави дека годината на неговото основање била сменета од 1905 година во 1861 година.

Исто така, се наведува дека Палас го одиграла својот прв регистриран натпревар на 15 март 1862 година кога биле поразени од Форест, и тоа бил првиот натпревар помеѓу двата тима кои го ковале ФС на Англија.

Во моментов, ФА смета дека Нотс Каунти е најстариот професионален клуб во светот, а клубот од Нотингем е основан во 1862 година.

Она што дефинитивно треба да се истакне е дека во 1857 година е основан Шефилд кој не е во конкуренција бидејќи не е професионален клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.