SportM
Фудбал

И УЕФА покрена истрага против Јувентус

Д М2 дек 2022
И УЕФА покрена истрага против Јувентус

Неколку дена по веста дека целото раководство на Јувентус поднело оставка и против нив се покренати обвиненија во Јавното обвинителство на Торино, пристигнува веста за истрагата што ја покрена УЕФА.

Јавното обвинителство во Торино покрена тужба против Андреа Ањели и поранешните членови на Управниот одбор.

Во поведената постапка опфатени се 11 лица за кои постои сомнеж дека меѓу другите се фалсификувале документи за трансфер на пари за играчи, дека ширеле лажни информации за финансиската состојба на клубот, манипулирале со пазарот, ја попречувале ревизорската контрола, го ограничувале влезот на даночните инспектори во просториите на клубот…

За клубот сите овие обвинувања се неосновани:

„Наводите на јавното обвинителство ни изгледаат неосновани. Тие се чини дека не се во согласност со содржината на Договорот за Миланската берза, ниту како претпоставки, ниту како заклучоци.

Очекувано реагираше и Европската фудбалска унија која покрена официјална истрага.

УЕФА објави дека истражува потенцијално прекршување на правилата за лиценцирање и финансиски фер-плеј.

„Во истрагата ќе се фокусираме на можното прекршување на финансиските правила по неодамна обелоденетите наводи како резултат на истрагата на јавниот обвинител во Торино. На 23 август, Телото за финансиска контрола на УЕФА (CFCB) склучи договор со Јувентус врз основа на финансиските информации кои претходно ги испрати клубот, а се однесуваат на годините 2018, 2019, 2020, 2021 и 2022 година“, се вели во соопштението на УЕФА. додава:

„Во случај ситуацијата по завршувањето на истрагата битно да се разликува од онаа кога е постигнат договор, или доколку се појават нови факти, го задржуваме правото да го раскинеме договорот и да преземеме правни мерки кои може да бидат во согласност со процедурални правила. Ќе соработуваме со властите во Италија и нема да се рекламираме додека не заврши истрагата“, велат од Финансиското контролно тело на УЕФА, кое се занимава со оваа проблематика.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.