„И вакцинираните се заразени, нема да ги принудувам моите играчи да ја примат вакцината“

Англискиот премиерлигаш последните денови се соочува со големи проблеми.
Многу натпревари беа откажани бидејќи играчите и персоналот на клубовите беа заразени со вирусот КОВИД-19, а по повод новонастанатата ситуација, самите претставници на лигата објавија дека 16 отсто од играчите воопшто не биле вакцинирани.
Медиумите во Англија за се го прашаа и тренерот на Челзи, Томас Тухел, кој јасно кажа дека е против задолжителната вакцинација.
„Не се заразени само невакцинираните. Некои од нашите играчи се вакцинирани и се позитивни. Не сакам да покажувам со прст кон никого или да ловам невакцинирани луѓе. Секој има право на избор“, рече Тухел.
“Не можеме да ги принудиме играчите да се вакцинираат. Можеби има некои правила и секој ќе одговара за себе, но секој има право на избор. Нема да го сменам мислењето на оваа тема. На крајот на краиштата, имате експерти низ Европа па нека зборуваат за тоа, јас сум тука да зборувам за фудбалот“, заклучи тој.
На Челзи во последно време не му оди најдобро во ПЛ, со оглед на тоа што на последните шест натпревари забележа само две победи и првото место му го препушти на Манчестер Сити, кој сега е на шест бода. Ливерпул е три бода пред нив.
Исто така, во Лигата на шампионите, каде во осминафиналето ќе играат против Лил, во 6. коло од групната фаза со реми кај Зенит, останаа без првото место во групата.
Дефинитивно Тухел во наредниот период ќе мора малку да го размрда тимот за да се врати во ритам од почетокот на сезоната.



