Ибрахимовиќ доби функција во Милан!

Поранешниот репрезентативен фудбалер Златан Ибрахимовиќ стана виш советник во Управниот одбор на фудбалскиот клуб Милан, соопшти денеска италијанскиот тим.
„Мојата љубов кон Милан е бесмртна. Благодарен сум на луѓето во клубот што ме поканија назад. Долго време размислувам за мојата кариера после фудбалот и правилна одлука е да го започнам ова патување со RedBird (инвестицискиот фонд кој е сопственик на клубот) и ФК Милан. За мене ова е враќање дома“, изјави Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ четири години го носеше дресот на Милан, во два наврати.
“Ибрахимовиќ тесно ќе соработува со сопствениците и раководството на Милан и ќе игра голема улога во спортските и деловните операции на клубот. Неговата работа ќе вклучува развој на играчи и промоција на глобалниот бренд и деловни интереси на Милан, како и поддршка за специјални проекти од стратешко значење, вклучувајќи го и новиот стадион, објави клубот.
Поранешниот шведски репрезентативец одигра 93 натпревари за Милан и постигна 48 голови.



