Connect with us

Фудбал

Ибрахимовиќ ги претрпе најголемите навреди досега: „Да не бев јас, книгата ќе му беше празна“

Освен по теренот, Златан Ибрахимовиќ е познат и по водењето битки надвор од зелениот тревник бидејќи не сака никому да остане должен.

Ибрахимовиќ минатата сезона го освои Скудетото со Милан, а за време на прославата во неколку наврати го прозива Хакан Чалханоглу.

Во очите на Ибрахимовиќ, турскиот играч за врска е голем предавник бидејќи го напушти Милан и како слободен играч се пресели во Интер.

За време на миланските дерби ги прославуваше постигнатите голови за Нероаѕурите, па стана омилена мета за изговарање на Ибра.

Конечно стигна одговорот на Хакан, кој зборуваше без влакна на јазикот и отворено кажа што мисли за Златан и неговото однесување.

“Тој е 40-годишен маж, јас не би направил ништо од тоа на негова возраст. Па, тој нема 18 години. Тој секогаш сака да биде во центарот на вниманието”.

„Тој не даде никаков придонес за Милан да го освои Скудетото. Речиси и да не играше.

„Не ми е гајле што ќе каже, се работи за личноста која веднаш ме повика да излеземе заедно кога сме двајцата во Милано, но јас го почитувам“.

„И тој во својата книга пишуваше за мене, мораше да ја напише бидејќи книгата ќе беше празна, нема да му одговорам, подобро е така“, рекол Турчинот.

Познавајќи го Ибрахимовиќ, оваа приказна сигурно нема да заврши тука, а реакцијата на шведскиот напаѓач сигурно ќе следи наскоро.

Можеби овие зборови на Чалханоглу му служат на Ибра како мотив да се опорави што побрзо и да се врати на теренот по операцијата на коленото.

Реклама

Facebook