SportM
Фудбал

Ибрахимовиќ и Лукаку суспендирани поради неодамнешниот судир на теренот

Д М29 јан 2021
Ибрахимовиќ и Лукаку суспендирани поради неодамнешниот судир на теренот

Во вторникот вечерта, Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку имаа жесток вербален конфликт за време на полуфиналето на Купот помеѓу Интер и Милан.

Ибрахимовиќ започна да го испровоцира Лукаку, Белгиецот „запали“ и скоро сè се претвори во пожестока физичка пресметка.

Имаше навреди од обете страни, а потоа и двајцата добија жолт картон од судијата Валериј, Швеѓанецот доби втор жолт картон подоцна, па беше исклучен.

Дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација расправаше за нивниот инцидент, на крајот и двајцата добија суспензија од еден натпревар.

Ова значи дека Лукаку ќе го пропушти дуелот со Јувентус во полуфиналето од Купот, иако Белгиецот сигурно беше суспендиран затоа што „собра“ доволно јавни предупредувања. Ибра ќе паузира следната сезона на првиот натпревар од Купот, ако сепак е член на Милан.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.