Ибрахимовиќ првпат по пет месеци е стартер
Д М22 окт 2021

Златан Ибрахимовиќ е најавен во првите 11 Милан за утрешниот натпревар против Болоња.
Ибрахимовиќ неодамна се врати по тешката повреда и утрешниот натпревар ќе биде прв по пет месеци во кој ќе игра од првата минута. Последниот натпревар кој го започна како стартер го одигра на 5 мај во победата на Милан над Јувентус со 3-0.
На тој меч го повреди коленото, па го пропушти Европското првенство, но и добар дел од стартот на новата сезона со Милан.
40-годишниот неодамна се врати, забележа три настапи, но се уште не започнал натпревар оваа сезона.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



