Ибрахимовиќ сакаше да прими вакцина во Белград, но Милан му забрани

На почетокот на оваа година, Златан Ибрахимовиќ сакаше да прими вакцина за коронавирус во Белград.
39-годишниот шведски напаѓач ги праша тренерот на Црвена Звезда и неговиот пријател Дејан Станковиќ за сè. Сè беше во голема мера договорено, но неговото патување во Белград за вакцинација беше забрането од неговиот клуб Милан, објави српски Телеграф.
„Росонерите“ имаат посебен протокол кој им забранува на фудбалерите да ја напуштат Италија, па на Ибра не му беше дадена можност да прими вакцина за корона во Белград.
Златан беше во Белград пред два месеци, откако неговиот Милан одигра натпревар од нокаут фазата во Лигата на Европа против Црвена Звезда.
На тој натпревар Ибрахимовиќ беше навреден на национална основа, па затоа Звезда беше казнета од УЕФА.
Патем, многу жители Македонија и од регионот отидоа во Белград за вакцината.
Во меѓувреме, Ибрахимовиќ сака да освои место во Лигата на шампионите со Милан, но тоа е се потешка задача. Милан гостува кај Лацио вечерва во Рим во една од најважните натпревари во сезоната, а искусниот напаѓач го нема затоа што не е доволно подготвен. Го промаши и поразот од Сасуоло, а во Милано очекуваат да биде подготвен за следниот викенд и пресметката со Беневенто.



