Ибрахимовиќ воодушеви со неговиот потег на тренингот (ВИДЕО)
Д М31 јан 2021

Годините се само бројка, кога станува збор за Златан Ибрахимовиќ.
Иако има 39 години, Швеѓанецот игра како во неговите најдобри денови и го води Милан кон Скудетото. Тој постигна 12 гола оваа сезона, иако не одигра добар дел од натпреварите поради коровирус и повреда, а навивачите сигурно нема да го обвинуваат за промашените пенали.
На тренингот, Ибра доминира и им покажува на помладите играчи како да го направат тоа. Тој сега објави видео од последниот тренинг на Росоњерите, кога постигнува гол по центаршут на друга статива во нинџа стил.
Ninja pic.twitter.com/FptTJFbunr
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) January 31, 2021
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



