SportM
Фудбал

Идеите на новиот шеф на Челзи го насмеаа Клоп

Д М15 сеп 2022
Идеите на новиот шеф на Челзи го насмеаа Клоп

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги коментираше последните предлози од новиот сопственик на Челзи, Тод Боили.

Американскиот бизнисмен за англиските медиуми изјави дека има неколку интересни идеи кои би можеле да се имплементираат во англискиот фудбал.

 

Меѓу другото, тој предлага во иднина да се игра Ол-стар натпревар во кој секоја сезона би се натпреварувале СЕВЕР И ЈУГ од Премиер лигата. Од една страна, би биле бројни клубови од Лондон (Арсенал, Челзи, Тотенхем Вест Хем, Фулам…) и од самиот југ на Велика Британија (Саутемптон, Брајтон…), додека „северната“ екипа би се состоела на фудбалери од двата Манчестера, Ливерпул, Њукасл…

 

 

Англиските медиуми веднаш побараа коментар од Јирген Клоп , кој по важната победа на Ливерпул над Ајакс беше расположен за шега и муабет со медиумите.

 

„О, да, многу убав предлог. Кога ќе најде слободен термин нека ми се јави… Можеби не планира да ги доведе луѓето од Харлем да играат против фудбалските тимови?“, праша германскиот стручњак.

 

Англиските медиуми се шегуваат со новиот менаџер на Челзи, кој покажа дека навистина не ги знае најдобрите можности во англискиот фудбал, но не и во својот клуб. Така, Тод Боили изјави дека производите на фудбалската школа на Стемфорд Бриџ се асови како Кевин Де Брујн (израснат во белгиски Генк, дојде во Челзи на 21 година, но не помина…) и Мо Салах (израснат во Египет дојде во Челзи од Базел, но и не успеа…)

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.