SportM
Фудбал

Играчите го туркаа возилото на брза помош, внатре голманот лежеше во несвест (ВИДЕО)

Д М4 апр 2022
Играчите го туркаа возилото на брза помош, внатре голманот лежеше во несвест (ВИДЕО)

Дербито на Косовската Суперлига го одиграа Гњилане/Гњилане и Балканот, а натпреварот беше прекинат во самата завршница по немили сцени и голема тепачка.

Во 95. минута Гњилани погоди за 1:1 во дерби колото, кога голманот Енеа Колиќи ја затресе мрежата на гостите.

После тоа настана општ хаос на трибините, а потоа домашните навивачи втрчаа во теренот и го нападнаа гостинскиот голман Стиви Фрашери. Бил претепан додека беспомошно лежел на тревата, а во еден момент изгубил свест од силните удари во главата.

Косовската полиција потоа го уапси хулиганот кој го претепа голманот, па тој треба да одговара за неговите срамни постапки.

https://twitter.com/i/status/1510671802942562317

Ден подоцна пристигнува бизарна приказна од споменатиот натпревар. Имено, голманот Фрашери требало да биде пренесен во болница со возило на брза помош, но бидејќи паднало во калта, играчите морале да го турнат.

Калта го спречила возилото да се движи, па играчите биле принудени да го туркаат за да излезе од калта, по што се упатило кон болницата, а несреќниот голман внатре лежел извесно време во несвест.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.