Играчот на Сити очекува ВИП третман во затвор: „Имаше шокантно отрезнување“

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е зад решетки, откако беше обвинет за силување.
Менди е обвинет за четири точки за силување, а друг за сексуален напад, и тој моментално се наоѓа во затворот во Ливерпул.
Таму не беше пречекан со луксузот што го очекуваше. Францускиот фудбалер мислеше дека ќе биде сместен во ВИП -одделот, но тоа не се случи.
View this post on Instagram
Сан тврди дека фудбалерот на Сити бил сместен во ќелија со други затвореници што го шокирало.
“Кога пристигна мислеше дека ќе биде во ВИП -секцијата за своја безбедност. Имаше шокантно отрезнување кога сфати со кого ќе го дели просторот. Тој воопшто не беше среќен”, рекол затворски извор за The Sun.
Менди е обвинет за три силувања што се случиле меѓу октомври 2020 и август 2021 година, а ќе се појави на суд на 10 септември.
Манчестер Сити го суспендираше овој фудбалер кој му ја уништи кариерата.



