Поврзи се со нас

Фудбал

Играчот за врска на Јувентус ја погоди Америка: Јас претставувам земја што не ме прифаќа

Sвездата на Јувентус и Соединетите држави, Вестон Мекени, вели дека се чувствува како да игра за земја што не го прифаќа поради бојата на кожата.

Талентираниот играч за врска е гласен во повиците за расна еднаквост од почетокот на 2020 година, зборувајќи јавно неколку пати од смртта на Џорџ Флиод

Мекени имаше поставено лента со натпис „Правда за Џорџ“ на натпревар за неговиот поранешен клуб, Шалке, во Бундеслигата и подоцна рече дека е негова должност и одговорност да зборува.

22-годишникот го критикуваше и американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го исто така расист и неук.

Говорејќи во понеделникот за расизмот во Америка, Мекени повтори дека сака да стори повеќе надвор од теренот за ова прашање од она што го стори во него.

„Оваа година, на почетокот на сезоната, игравме и навивачите ни викаа по натпреварот. Уништувачки е“, рече Мекини.

„Се вратив дома во Далас и се плашам да патувам ноќе, бидејќи не знам што ќе се случи ако полицијата ме запре. Претставувам земја што можеби не ме прифаќа поради бојата на кожата“, додаде тој.

Advertisement

Facebook

Реклама