Поврзи се со нас

Фудбал

Игуаин на најдобар можен начин опиша што би се случило со Меси ако замине во Премиер лигата

Гонзало Игуаин и Лионел Меси многу добро се познаваат бидејќи многу години играа заедно во националниот тим на Аргентина.

Затоа популарниот Пипита е многу компетентна личност која зборува за кариерата на Меси. Последниве денови се споменува дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња би можел да ја напушти Барселона, а како можна дестинација се споменува и Премиер лигата, односно тимот на Манчестер Сити.

Игуаин смета дека тоа не би било добра опција за sвездата на Барса бидејќи стоперите на Премиер лигата би го „уништиле“.

“Англиската лига е ужасно тешка и комплицирана. За почеток, стоперите се градат како плакари и тешко е да се поминат. Судиите не судат ништо. Не можев да се адаптирам шест месеци и таа лига нема никаква врска со Шпанската. Лео игра фудбал на различно ниво и не знам како тоа би влијаело врз него, но за него не би било лесно “, вели Пипита.

Патем, Игуаин играше во Англија шест месеци кога беше на позајмица од Јувентус во Челзи.

Тој постигна пет гола на 14 натпревари за Челзи.

Advertisement