Игуаин: За мене се тргна обратно

Напаѓачот на Милан, Гонзало Игуаин се извини за црвениот картон кој го доби синоќа против Јувентус во поразот од 0:2.
Игуаин имаше шанса да постигни гол од пенал, но промаши, а потоа беше исклучен по дуелот со Меди Бенатија.
Поранешниот фудбалер Реал Мадрид, Наполи и Јувентус жестоко реагираше на судијата, па доби уште еден жолт картон.
„Пред се, сакам да му се извинам на тимот, тренерот, фановите и судијата за мојата реакција. Ја преземам одговорноста за она што се случило. Се надевам дека ова нема да се случи повторно. Тоа беше еден од оние моменти кога ја губите контролата“, рече Игуаин.
„Изгубивме, не успеав да го искористам пеналот… едноставно не сме роботи, туку луѓе, но не сакам да се обидам да ги оправдам моите постапки“.
Јувентус откако пристигна Кристијано Роналдо, Игуаин го даде во Милан на позајмица на една година со можност за откупување на договорот, а Игуаин потврди дека ова не е негова одлука.
„Таквата одлука беше првенствено донесена од други луѓе, а не од мене, секогаш давав се од себе во Торино“, рече Игуаин, кој постигна 55 гола во 105 настапи за Јувентус.
„Сега сум во Милан и тука се чувствувам добро јас сум многу емоционална личност, така што понекогаш е тешко да се најдете себе си. На моето лице може да се види дали се чувствувам добро или лошо“, додаде тој и продолжи
„Ние сме пример за децата, и знам дека мојата реакција минатата ноќ не беше во право. Им благодарам на моите поранешни соиграчи кои се обидоа да ме смират. Имав голема врска со нив и тоа разбирлива. На овој натпревар за мене се тргна обратно и единственото нешто што можам да направам е да се извинам на сите.“
По претрпениот пораз Милан се наоѓа на 5. место на табелата со освоени 21 поен.



