Connect with us

Ракомет

ИХФ со казни за РФМ, ако се повторат инцидентите, македонските навивачи нема да можат да влезат во сала

Победата на Холандија над Македонија од 37:32 во Вараждин беше одбележана со инциденти. Испровоцирани од двата црвени картони и лошото судење од страна на данските судии, македонските навивачи почнаа да фрлаат разни предмети на теренот, а Холанѓаните избегаа кон соблекувалната.

Инцидентот не остана незабележан од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), која изрече казни за се што се случи, како за Македонската ракометна федерација, за Организацискиот одбор во Хрватска.

Во одлуката пишува:

– Организацискиот одбор во Хрватска ќе биде казнет поради непочитување на безбедносните мерки.

– Организацискиот одбор во Хрватска е предупреден дека Арената во Вараждин ќе биде затворена доколку повторно се случат слични инциденти.

– Организацискиот одбор во Вараждин мора да ги затвори трибините зад клупата на играчите

Организациониот одбор во Вараждин мора да ги зголеми безбедносните мерки и бројот на стјуарди и полицајци на натпреварите.

– Организацискиот одбор во Хрватска мора да ги информира сите навивачи за новите безбедносни мерки

– Македонската ракометна федерација ќе биде казнета поради однесувањето на навивачите

-Македонската ракометна федерација е предупредена дека сите нивни натпревари ќе бидат затворени за навивачи доколку инцидентите се повторат.