Икарди: Не сме анти-Јувентус, малку ни фали да бидеме како нив

Интер денес го декларираше Лацио на гостувањето со резултат 0:3. „Нераѕурите“ со оваа победа се искачија на второто место на табелата, а херојот на екипата од Милано повторно беше извонредниот Мауро Икарди.
На Олимпико, Икарди постигна два гола и така стигна до цифрата шест во последните четири натпревари од Серија А.
Јасно е дека Икарди е повторно во опасна форма, за што е и сам свесен. Исто така, по натпреварот се осврна и на вечната трка за Јувентус.
„Поминувам низ период на добра форма, заедно со Интер. Играме добро, изоставувајќи го натпреварот со Барселона и сакаме да продолжиме на уште подобро… Не сме анти Јувентус, на нас ни фалиат неколку стапки за да го достигнеме она што тие беа во последните неколку години. На прав пат сме и сакаме така да продолжиме.” Истакна Икарди по вечерашниот натпреват, па додаде:
„Екипата напредува, работиме на тоа и играме фудбал, што е нешто што денес ни одеше многу добро. Успеавме да најдеме простор и да направиме потези кои не доведоа до голови.”



