Икарди останува во Пари Сен Жермен
Д М6 јун 2022

Репрезентативецот на Аргентина Мауро Икарди ќе остане во Пари Сен Жермен иако не играше минатата сезона.
Уште кога пристигна во Париз од Интер, освен во првата сезона, кога беше на позајмица, Икарди не успеа да се избори за статусот прв напаѓач.
„Имам договор со ПСЖ на уште две години и ќе останам овде. Мојата кариера не е во опасност како што вие новинарите се обидувате да презентирате. Ќе се борам за моето место во тимот“, истакна Икарди.
Икарди постигна 23 гола на вкупно 64 натпревари за актуелниот шампион на Франција.
„Не сум загрижен. Имам 29 години и по речиси 200 постигнати голови во кариерата, знам дека се уште можам да играм фудбал на врвно ниво“, изјави одличниот напаѓач.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



