SportM
Фудбал

Им пријде на аргентинските ѕвезди, беше одбиен и замина со наведната глава

Д М1 окт 2022
Им пријде на аргентинските ѕвезди, беше одбиен и замина со наведната глава

Пред два дена, Аргентина ја совлада Јамајка со 3:0 во пријателски натпревар на Ред Бул Арената во Харисон.

 

Авларез ги доведе „гаучосите“ во водство во 13. минута, но преостанатите два гола ги видоа само на крајот од мечот кога Лионел Меси погоди во 87. и 89. минута.

 

Рамоне Хауел, 27-годишниот играч од средниот ред на Вотерхаус е еден од играчите на Јамајка кои не добија ниту една минута на овој меч, а по мечот доживеа ново разочарување.

Откако неговиот тим беше поразен, Рамоне Хауел отиде во соблекувалната на Аргентина за да размени дресови со еден од играчите на Аргентина.

 

Сепак, фудбалерот се соочи со одбивање. Еден член на аргентинскиот штаб му објаснил на Хауел дека нема повеќе дресови, што значи дека сите биле поделени.

 

Целата дискусија се одвиваше под очите на Лаутаро Мартинез, Пауло Дибала и Франко Армани. На крајот на краиштата, Хауел ја наведна главата и замина.

Гестот на Аргентинецот не остана незабележан, бидејќи видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Засега Аргентина има уште еден закажан пријателски натпревар пред Мундијалот против Обединетите Арапски Емирати на 16 ноември. На Мундијалот се сместени во групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.

 

Што се однесува до Јамајканците, тие нема да се појават како учесници во Катар, но се на добар пат да победат во плеј-офот од Лигата на нации во КОНКАКАФ. Во март играат дуел со Мексико, а моментално се први во групата А.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.