SportM
Фудбал

Има одиграно само 3 натпревари, Халанд веќе се запиша во историјата на Бундеслигата

Д М2 фев 2020
Има одиграно само 3 натпревари, Халанд веќе се запиша во историјата на Бундеслигата

Ерлинг Халанд го продолжи извонредниот почеток во Борусија Дортмунд во саботата, постигнувајќи два гола во победата од 5:0 над Унион Берлин.

Тоа значи дека тој стана првиот играч во историјата на Бундеслигата кој постигнал седум гола на неговите први три натпревари во натпреварувањето.

Она што е уште позабележително е фактот дека секој од седумте удари на поранешниот напаѓач на Ред Бул Салцбург кон голот заврши во мрежата.

19-годишникот направи хет-трик во своето деби за Дортмунд против Аугсбург на 18 јануари, откако во 56-та минута влезе на теренот.

Тој постигна уште два гола во победата на Дортмунд од 5:1 над Келн на 24 јануари, откако влезе во игра на 25 минути пред крајот.

Против Унион Берлин, Халанд беше првиот кој постигна гол.

Дефинитивно Дортмунд нема да зажали за парите кои ги потроши за трансфер на Халанд.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.