SportM
Фудбал

Има три опции: Се знае кога Халанд ќе ја објави големата одлука

Д М17 јан 2022
Има три опции: Се знае кога Халанд ќе ја објави големата одлука

Ерлинг Халанд ќе ја напушти Борусија Дортмунд, прашање е само кога – во јануари или лето.

Со него се поврзаа многу клубови, а Deportes Cuatro сега пишува дека норвешкиот напаѓач до петок ќе им ја соопшти својата одлука на челниците на Борусија Дортмунд.

Истиот медиум пишува дека Халанд ќе избира меѓу три клуба и тоа Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити.

https://youtu.be/9FScfIp8pvk

Халанд оваа сезона одигра 18 натпревари за „Милионерите“ и постигна дури 21 гол со шест асистенции во сите натпреварувања. Вкупно, Норвежанецот одигра 77 натпревари за моментално второпласираниот тим во Бундеслигата и постигна 78 гола со 21 асистенција.

Да потсетиме, кариерата ја започна во Норвешка Брин, од каде замина во Молде. Во јануари 2019 година го засили Ред Бул Салцбург, каде што „експлодира“ и за една година премина во Борусија.

За норвешката репрезентација, 21-годишниот фудбалер на 15 настапи постигна 12 гола.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.