SportM
Фудбал

Имобиле и Милинковиќ-Савиќ остануваат во Лацио

Д М23 сеп 2018
Имобиле и Милинковиќ-Савиќ остануваат во Лацио

Калчолигашот Лацио е блиску до продолжување на договорите со напаѓачот Чиро Имобиле и играчот од средниот ред Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

– Обновувањето на договорите со двајцата важни играчи за римскиот клуб е само прашање на време и се очекува да се случи следните неколку дена, изјави спортскиот директор на „лацијалите“ Игли Таре.

Се ќе биде одлучено на почетокот на следната недела. Преговорите траеја долго време, но сепак постигнавме договор, додаде Таре.

Имобиле е дел од Лацио од 2016 година, додека Милинковиќ-Савиќ – од 2015 година.

Оваа сезона, 28-годишниот Италијанец на пет натпревари за римскиот клуб постигна два гола. 23-годишниот Србин, исто така настапи на пет натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.