SportM
Фудбал

Имобиле се враќа на терен по големата сага околу коронавирусот?

Д М19 ное 2020
Имобиле се враќа на терен по големата сага околу коронавирусот?

Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле конечно би можел да се врати на терените по проблемот со коронавирусот.

Имено, неговата цел е да биде подготвен за следниот натпревар што неговиот тим го игра против Кротоне.

Тој пропушти три натпревари на италијанската репрезентација бидејќи беше позитивен на коронавирус, но конечно беше негативен на последниот тест.

Пред да се врати на теренот, тој ќе треба да изврши дополнителни и тестови кои се дел од протоколот издаден од италијанската федерација.

Тој беше во изолација 10 дена, и накратко ја коментираше веста за неговото враќање.

„Едвај чекам, тука сум да играм и да постигнувам голови“, рече Имобиле.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.