SportM
Фудбал

Инфантино го осуди инцидентот во Ротердам

Д М6 апр 2023
Инфантино го осуди инцидентот во Ротердам

Нема место за насилство во фудбалот, изјави денеска претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, по повод прекинот на натпреварот меѓу Феенорд и Ајакс, откако со запалка фрлена од трибините повреди играч во полуфиналето на холандскиот куп.

„Ваквите настани немаат место во нашиот спорт или во општеството“, напиша првиот човек на ФИФА на својот Инстаграм профил.

Тој додаде дека сите играчи мора да бидат безбедни за време на натпреварите и ги повика надлежните органи да го обезбедат тоа.

Вчерашното полуфинале во холандскиот куп беше прекинато во 63. минута речиси половина час кога запалка фрлена од трибините го погоди играчот на Ајакс Дејви Класен во главата, предизвикувајќи му крвавење.

Класен, кој го постигна вториот гол за својот тим, се обиде да го продолжи натпреварот, но неколку минути подоцна го напушти теренот држејќи се за глава.

На крајот Ајакс победи со 2:1 и се пласираше во финалето на националниот куп каде ќе игра против ПСВ.

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.