SportM
Фудбал

Иниеста објави актуелна фотографија и ги шокираше фановите: „Човеку, многу си стар“

Д М8 јун 2022
Иниеста објави актуелна фотографија и ги шокираше фановите: „Човеку, многу си стар“

Андрес Иниеста влегува во доцните играчки години и моментално настапува во Јапонија.

Поранешниот играч за врска на Барселона се уште има магија во нозете, а тоа најмногу го забележуваат фудбалските фанови во далечната Јапонија.

Но, освен исклучителните фудбалски способности, забележано е дека Иниеста „остарел преку ноќ“.

Откако објави една фотографија во дресот на Висел Коби, многу фанови на Барселона го преплавија со коментари дали е можно да е толку стар.

„Човеку, старееш“, беше еден од низата вакви коментари на малку загрижените фанови на овој луциден играч од средниот ред кој не бодреше со неговите потези додека го носеше дресот на Барселона во нејзината најблескава историја.

Иниеста има договор до 2024 година, иако веќе на 38 години не планира да се откаже од она што најмногу го сака.

Се верува дека како и неговиот поранешен соиграч и голем пријател Чави, тој ќе започне тренерска кариера откако ќе ги остави копачките.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.