SportM
Фудбал

Иниеста призна дека имал големи проблеми со депресијата

Д М24 ное 2018
Иниеста призна дека имал големи проблеми со депресијата

Андрес Иниеста, еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња, најдобрите денови од својата кариера ги поминал во Барселона, а во моментов игра во Јапонија.

Иниеста е дете на Барселона и еден од играчите на „Ла Масија“, кој им даде многу радувања на навивачите на овој клуб, но исто така и на навивачите на репрезентацијата на Шпанија. Со право може да се рече дека тој е една од најдобрите играчи од средниот ред во историјата, а на неговите магични потези сѐ уште се восхитуваме.

Иако со Барселона и Шпанија, освои се што можеше да се освои, имаше и денови во неговата кариера, кога ни малку не му беше лесно. Иниеста призна дека има проблеми со депресија пред девет години во сезоната 2009/10. По одличната сезона 2008/09. кога Барса освои тројна круна.

„Се започна откако освоивме тројна круна со Барселона. Тој период за мене беше многу тежок и навистина се борев со депресија. Беше многу долг ден кога само одвај чекав да го завршам натпреварот или тренингот и да си одам дома. Пиев и некои апчиња што ми овозможија одмор кој навистина ми требаше“, рече Иниеста.

Инеста во период од 2002 до 2018 година, за Барселона одигра 442 натпревари и постигна 35 гола.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.